Состојки:
1 кг свински нозе
1 кг телешки мускул
1 мала главица кромид
4 чешниња лук
1 ловоров лист
5-6 зрна црн бибер
1 корен целер
1 корен пашканат
2 -3 кругови лимон
по вкус сол
Приготвување:
- Месото и свинските нозе измијте ги и ставете ги во тенџере од 5 – 6 литри. Ставете ладна вода да се покрие и ставете го да зоврие. Додека да зоврие цело време вадете ја пената која се создава, така пифтијата ќе ви остане бистра.
- Кога веќе нема да има пена, додадете ги сите останати состојки, покријте го тенџерето и на средно тивок оган варете 4 – 5 часа. Готово е кога содржината во тенџерето се намалила за половина, а течноста е леплива. Ако не сте сигурни, 2 – 3 лажици ставете во мал сад и оставете во фрижидер. За кратко треба да желира.
- Кога е сварено со лажица со решетка извадете го месото на страна. Извадете го и зеленчукот и процедете ја супата во поширок, но не многу длабок сад. Нека се сталожи, па со лажица соберете ја цела маснотија од површината.
- Уште еднаш процедете ја течноста низ истото сито, ама овој пат на ситото ставете и филтер хартија или една погруба хартиена салфетка. Вака пифтијата ќе ви биде кристално бистра. Досолете ако има потреба и по желба додадете згмечено лукче.
- Извадете го месото од свинските нозе, мускулот детално исчистете го и исечете го на парчиња па распоредете го месото во еден или повеќе садови и прелејте го со течноста.
Оставете да се стврдне во фрижидер.