Вредни и безвредни калории

Не се сите нискокалорични намирници нутритивно вредни, а некои пак кои изобилуваат со калории е важно да се консумираат.

0
123

Оризовите крекери сосамо 35 калории по парче спаѓаат во нискокалорични намирници, но не можат да се пофалат ниту со вкусот ниту со нутритивна вредност. Повежето калории содржани во нив доаѓаат од бели, рафинирани јагленохидрати, кои го покачуваат нивото на шеќер во крвта, што набрзо доведува до повторно чувство на глад. Затоа, наместо оризови крекери, подобро е да се одлучите за една рака бадеми.

Неодамна спроведените анализи покажуваат дека немасниот јогурт може да содржи до 5 лажички шеќер на 150 грама. Наместо немасен јогурт подобро одберете павлака или кисело млеко кои содржат 20 г белковини насекои 170 г, кои се нужни за одржување на здравјето на мускулите, кожата и косата.

Бројни диетални плочки од житарки се „фалат“ со ниска калориска вредност, но се истовремено полни со шеќери. Некои од нив содржат дури 40 отсто шеќери, што го покажало неодамнешното истражување спроведено на 15 различни популарни плочки. Од таа причина секогаш е важно да се провери листата од состојки.

Секое авокадо иако има 400 калории, големата количина здрави мононезаситени маснотии кои ги содржи, помагаат за одржување на ниско ниво на лош холестерол, како што покажуваат резултатите од истражувањето објавено во списанието Journal of the American Heart Association.

Екстрадевственото маслиново масло има отприлика 120 калории во 1 лажичка, но содржат и изобилие од антиоксиданси здрави маснотии, што придонесува за здравје на срцето. Медитеранскиот начин на исхрана богат со вакво масло може да го намали ризикот од заболување на рак од дојка, докажува студијата спроведенана Универзитетот во шпанскиот граф Навари.

Јајцата често се избегнуваат заради мислењето дека содржат многу маснотии, н липидите содржани во нив се исклучително здрави за срцето. Освен тоа, јајцата содржати многу белковини. Едно јајце има околу 70 калории, што дговара на бројот на калории содржани во чоколаден кекс, но за разлика од кексот, јајцата не го покачуваат нивото на шеќер во крвта и не предизвикуваат подоцна напади на глад.

Фото: Mike Fox on Unsplash