Внимателно со витаминот Ц, особено ако секој ден земате суплементи

Чести симптоми кај прекумерното земање на витамин Ц се пецкање при мокрење, диареја, гасови, мачнини, болки во абдоменот, несоница, главоболка и осип. Внесувањето на витамин Ц во големи дози во комбинација со аспирин во повеќето случаи предизвикува ерозивен гастритис.

0
705

Витаминот Ц е еден од најважните витамини кој е неопходен за заштита од многу болести, но доколку претерано се внесува во организмот, има и свои токсични дејства.

Освен за јакнење на имунитетот, витаминот Ц ја поттикнува апсорпцијата на железо и калциум, помага кај алергии, олеснува симнување на килограмите и е важен за добар вид.

Оние чија исхрана е богата со витамин Ц се три пати позаштитени од настанување на артритис во однос на лицата кои не консумираат довопно од овој витамин.

Од друга страна, земањето на овој витамин во големи дози доведува до разни здравствени проблеми. Токсичноста на витаминот Ц е ретка, но сепак возможна, иако тој се раствора во вода и лесно се исфрла од организмот.

Дневните дози до 500 мг претставуваат незначителен ризик за здравјето, меѓутоа, дозите над 2 г дневно можат да доведат до гастроинтестинални пречки.

Најчестите симптоми кои се јавуваат кај прекумерното земање на витамин Ц се поврзани со мокрење, кога доаѓа до пецкање. Чести симптоми се и диарејата, гасовите, мачнини, болки во абдоменот, несоница, главоболка и осип.

Внесувањето на аскорбинска киселина (витамин Ц) во големи дози во комбинација со аспирин во повеќето случаи предизвикува ерозивен гастритис. Кај земањето големи дози, аскорбинската киселина се складира во организмот и се таложи како осалатен бубрежен камен, што кај лицата кои се склони кон проблеми со бубрезите може да ја влоши состојбата.

Посебно внимание треба да се обрне на витаминот Ц кој се користи како додаток во исхраната, затоа што кај внесувањето на овој витамин преку храна, тешко може да се претера. Најчесто се случува тие големи дози всушност и да не се од голема корист, но можат да бидат и тоа како штетни за вашето здравје.

Фото: Pixabey