Внесете цинк преку храната и подобрете го имунитетот

При недостаток на цинк доаѓа до чести настинки и инфекции; сувост и грубост на кожата, бавно зараснување на раните, како и опаѓање на косата (вклучувајќи ги и веѓите и трепките), намален апетит и нагло слабеење, тешко прилагодување на очите на темнина, апатично однесување, заборавеност и депресивни чувства, импотенција и неплодност.

0
969

Освен за јакнење на имунитетот, цинкот често се употребува и во терапијата на диареја, а корисен е и за побрзо зараснување на раните. Одличен е за здравјето на кожата, помага при лекување на акни, егземи, дерматитис, ги штити клетките од слободните радикали, игра важна улога во контролата на дијабетесот и регулирањето на шеќерот во крвта, го подобрува видот, но и либидото.

Дневната потреба од цинк е од 10 до 15 мг. Кај бремените жени, доилките и вегетаријанците е и поголема.

Имено, во принцип, цинкот е застапен во продуктите од животинско потекло и кога се зема преку нив, цинкот добро се усвојува од страна на организмот. Богати со цинк се внатрешните органи како што се црниот и белиот дроб, бубрезите, срцето, јазикот, но и печурките, плодовите од мешункастите ратенија, како на пример: соја, грав, грашок, луцерка, ф`стаци, кикирики. Цинкот е застапен во триците, но и во квасецот (пивски или пекарски).

Зеленчукот и овошјата се сиромашни со цинк, па токму затоа вегетаријанците и оние кои не јадат месо имаат недостаток на цинк кој, инаку, може да се надополни со консумирање на леб од интегрални брашна.
По правило, продуктите богати со цинк исто така се богати и со витамини, особено оние од групата В, но и со прехранбени влакна.

Постојат многу знаци кои укажуваат на недостаток на цинк, започнувајќи од чувството на напнатост и замор кои водат кон депресија, па сè до проблеми со кожата, косата и плодноста. Цинкот има клучна функција во организмот поврзана со исфрлање на тешките метали од телото, што го прави неопходен и исклучително важен за имунитетот, како и за продукција на антитела и лимфоцити.

При недостаток на цинк доаѓа до чести настинки и инфекции; сувост и грубост на кожата, бавно зараснување на раните, како и опаѓање на косата (вклучувајќи ги и веѓите и трепките), намален апетит и нагло слабеење, тешко прилагодување на очите на темнина, апатично однесување, заборавеност и депресивни чувства, импотенција и неплодност.

Цинкот е есенцијален минерал неопходен за одвивање на бројни физиолошки процеси и метаболички реакции во организмот. Неопходен е за активноста на повеќе од сто ензими. Често го нарекуваат „менаџер на метаболизмот“ затоа што го поддржува имунитетот, има улога во синтезата на протеините и потребен е за нормален раст и развој.

Во листата подолу е дадена содржината на цинк во некои производи.

Во 100 грама…

Пекарски квасец – 9,97 мг цинк
Сусам – 7,75 мг цинк
Семки од тиква – 7,44 мг цинк
Варено говедско месо – 7,06 мг цинк
Кикирики – 6,68 мг цинк
Какао – 6,37 мг цинк
Семки од сончоглед – 5,29 мг цинк
Варен говедски јазик – 4,80 мг цинк
Пуканки – 4,13 мг цинк
Жолчка од јајце – 3,44 мг цинк
Интегрално пченично брашно – 3,11 мг цинк
Ореви – 2,73 мг цинк
Кокосов орев – 2,01 мг цинк
Сардини – 1,40 мг цинк
Варен грав – 1,38 цинк
Варена леќа – 1,27 мг цинк
Варен грашок – 1,19 мг цинк

Важно е да се знае и дека витамините А и В6 помагаат при апсорпцијата на цинкот во организмот.

Фото: Pixabey