Омилените домати ќе добијат поинтензивна арома ако ги ставите во рерна и ако ги наполните со вкусна, ароматична смеса. Задолжително додадете и кашкавал за да добиете уште повкусен и брз ручек.
Полнетите домати миожат да бидат прилог за месни или за јадења со риба но и главно вегетаријанско јадење.
Состојки:
400 г домати
100 г кромид
2 јајца
4 лажици брашно
1 лажица путер
1 лажица млеко
Свежо мелен црн пипер
2 чешниња лук
1 лажица магдонос
Пелати
Мајчина душица, босилек
Приготвување:
Отсечете ги горните делови од доматите и со лажица издлабете ги.
Загрејте 1/3 путер и издинстајте го ситно исечканиот кромид, па додадете ситно сечкан лук и на крајот сечкан магдонос.
Изматете ги јајцата, додадете брашно, лажица млеко, лажица свежи зачини и црн пипер. Помешајте со кромидот, лукот и магдоносот.
Наполнете ги доматите со оваа смеса, поклопете ги со капачињата што ги пресековте и наредете во сад за печење. Ако ставате и кашкавал, ставете го сега. На дното од садот додадете малку пелати и печете 30-40 минути на 150 степени.