Вистинска „машка“ намирница

Во кората од тиквичките се наоѓаат повеќето хранливи материи како витамини Б и Ц, па не е пожелно да се лупат пред подготвувањето на оброците. Еве и пет најдобри причини зошто би требало да јадеме тиквички

0
934

Тиквичките му припаѓаат на видот Cucurbitaceae, а во ботаничка смисла се сметаат за овошје. Но во кујните ширум светот, како и кај нас, најчесто се подготвуваат како и останатите зеленчуци. Ги карактеризира долгнавест облик и зелена кора заради што многу наликуваат на краставици. Нивниот плод е богат со хранливи материи па би требало често да ги имаме на менито.

  1. Го поттикнуваат варењето

Во стотина грама тиквички се наоѓа 1 грам прехранбени влакна заради што им се препорачуваат на оние кои страдаат од запек. Не замо што заситува и го поттикнува варењето, туку и ги чисти цревата од токсините.

  1. Помагаат при слабеење

Тиквичките се диетална намирница затоа што повеќе од 90 отсто од плодот се вода. Затоа не е чудо што во стотина грама има само 16 калории. Најдобро е многу кратко да се пропржат на маслиново масло или на некое друго здраво масло сами или во комбинација со други летни зеленчуци.

  1. Го снижува крвниот притисок

Тиквичките се одличен извор на витамини B и Ц, како и на калиум кој ја регулира работата на срцето и го снижува крвниот притисок, па ги спречува болестите на крвожилниот систем. Имајте на ум дека повеќето нутриенти се наоѓаат во кората па немојте да ги лупите плодовите.

  1. Го забрзуваат зацелувањето на рани

Тиквиците имаат и значајни количини манган кој е клучен за производство на аминокиселината пролин која го поттикнува создавањето на колаген во кожата правејќи ја поздрава, но и го забрзува процесот на зацелување на раните на кожата.

  1. Чувари на простатата

Тиквицата може да се нарече и вистинска машка намирница. Манганот во тиквиците поволно делува на зголемување на либидото, додека фитонутриентите ги намалуваат симптомите на зголемена простата која им го отежнува мокрењето на мажите, a понекогаш и сексуалните односи.