Рецептот за класичен хумус не може да е поедноставен. Само ставете ги состојките во блендер и додадете ја течноста од конзервата со наут и ќе добиете екстра мазна и кремава смеса.
Состојки за основниот рецепт за хумус, за останатите делови од „виножитото“ погледнете го видеото подолу:
1 конзерва наут
¼ чаша таан
¼ чаша маслиново масло
¼ чаша сок од лимон
1 чешне лук
1 лажичка ким
½ лажичка чили во прав
½ кафена лажичка сол
Приготвување:
Исцедете го наутот и зачувајте ¼ чаша од течноста. Префрлете ги наутот и течноста во блендер. Додадете ги останатите состојки и мешајте 2 до 3 минути.