Вино на штикли

Освен дегустација на различни видови на вина од македонски и странски винарии, на 3.јули во ресторанот „Форца“ ќе се случуваат и музички и моден перформанс

0
93

Во среда (3. јули), од 20 часот па до 1 часот по полноќ, винскиот бар и ресторан „Форца“ ќе биде домаќин на голем винско-музичко-моден настан.

Покрај дегустацијата на различни видови на вина од македонски и странски винарии по супермаркетска цена на чинење, гостите ќе имаат можност да проследат уште неколку музичко-модни перформанси. Станува збор за настанот „Вино на штикли“ кој организаторите го најавуваат како спектакл каков што ретко му се случува на Скопје.

Македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд ќе ги забавува посетителите со своите најголеми хитови, но и со најпознатите светски и регионални актуелни песни и евергрини. Покрај музичкиот дел за кој се подготвува специјална сцена со соодветно озвучување и специјално подготвено „ројал блу“ осветлување, во „Форца“ ќе се случува и моден перформанс.

Треба само да си го резервирате своето место.