Можеби некој ќе си каже, аман веќе од тој куглоф, ама верувајте, иако изгледа исто, секогаш можете да го правите со нови и поинакви состојки. Ние овојпат, овој Велигденски куглоф го направивме лесен, свеж и ароматичен, со сок и кора од портокал и лимон, со рум и суво овошје, со чоколадо и ореви.
Состојки:
4 јајца
100 г кафеав шеќер
120 г путер
500 г брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
цимет, каранфилче, ѓумбир
сок и кора од 1 портокал
сок и кора од 1 лимон
25 г какао
150 мл јогурт
150 г мелени ореви
5-6 урми
Суви брусници по желба
За прелив и декорација:
100 г црно чоколадо
малку путер
малку млеко
малку мелени ореви
парченца портокал
Приготвување:
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги стопениот и оладен путер и јогуртот, а потоа полека додавајте ги другите состојки, освен какаото.
Калапот за куглоф намачкајте го со масло и поросете брашно и истурете дел од смесата, а во останатиот дел додадете го какаото и истурете го во калапот па измешајте полека со вилушка за да добиете шарено тесто.
Печете го на 180 степени околу 50 минути.
Направете го преливот и украсете го куглофот.