Велигденски колач

Овој колач не е нешто што кај нас се прави за Велигден, но рековме дека ќе ставаме рецепти од традиционалните велигденски трпези и во други земји, па кој сака, може да проба и нешто поинакво. За овој колач се користи пченица, која иако е исклучително здрава намирница, за жал, кај нас најчесто се користи само во некои неубави пригоди па ако ви буди лоши асоцијации слободно можете да ја замените со интегрален ориз.

0
605

Состојки:

200 г пченица или интерален ориз

500 мл млеко

Кора од лимон

Кора од портокал

Сол, цимет, стапче ванила

Тесто:

150 г путер

3 жолчки

300 г брашно

Фил:

300 г швапско (младо) сирење

200 г шеќер

100 г желе бонбони

100 г суво грозје

100 г сечкани ореви и лешници

50 г вишни од компот

5 жолчки

8 белки

Приготвување:

  1. Сварете ја пченицата (или оризот) во млеко со кората од лимон, а пред крајот додадете ги кората од портокал, циметот и стапчето ванила. Оставете да се олади.
  2. Тестото замесете го од жолчките, путерот, брашното и малку сол. Поделете го на 2 нееднакви дела, поголемиот дел од тестото расукајте го и обложете со него тркалезна тепсија за печење (25 цм) такашто ќе бидат обложени и рабовите од тепсијата.
  3. Во еден сад изматете ги жолчките, шеќерот и сирењето, па додадете ја пченицата, желето, лешниците и оревите, вишните и на крајот цврст снег од белки. Прелијте го филот врз тестото во тепсијата, а од другиот дел од тестото направете ленти и украсете го колачот во вид на мрежа. Печете го колачот 50 минути на 180 степени.

Оставете добро да се олади па поросете го со шеќер во прав.