Велигденски десерт од Сицилија

Рисо Неро, односно Црниот ориз е необично обичен десерт со потекло од Сицилија. Не станува збор за некој специјален вид на ориз, туку за десерт кој се прави со какао

0
541

Црниот ориз со својот состав и начинот на подготвување потсетува на арапските десерти богати со шеќер и со зашеќерено овошје. Начинот на подготвување се разликува од семејство до семејство па ова е само еден од начините за негово подготвување. Количината е голема па ако подготвувате десерт само за четиричлено семејство, преполовете ја количината на наведените намирници. Состојките можат да варираат и се лесно достапни, а резултатот е десерт со вкуден и раскошен изглед.

Состојки:

500 г ориз

1-1,5 л млеко

300 г шеќер

200 г чисто горчливо какао во прав

100 г црно чоколадо скршено на парчиња

200 г груби исечкани и излупени бадеми

100 г кандирано овошје (ситно исечкано)

Кора од 1 портокал

Цимет во прав

2 лажички ванилин шеќер

Прстофат сол

По желба за поросување:

Шеќерни трошки, кандирано овошје или препечени ливчиња бадеми.

Приготвување:

Оризот измијте го и ставете го да се вари во млекото, заедно со прстофат сол, шеќер и ванилин шеќер.

Кога е оризот речиси сварен, ал денте, полека, со постојано мешање додавајте го какаото и ситно изренданата кора од портокал.

Оризот не смее да се превари, ниту да се залепи за дното од садот. Ако е потребно, додадете малку врела вода (ако е оризот недоволно сварен, а смесата станала премногу густа.

Тргнете го од оган и додадете ги веднаш грубо исчеканите бадеми или почекајтесмесата малку да се олади, потоа додадете ги парченцата чоколадо.

Ставете ја смесата во садови за послужување и поросете со препржени ливчиња бадмеи, со кандирано овошје или шеќерни трошки и малку цимет во прав.

Напомена:

Количината на шеќер можете да ја намалите или зголемите според вкусот. Дел од млекото можете да го замените со вода.