Состојки:
Една коцка кашкавал
2-3 чешниња сечкан лук
1 тиквичка
1 цвет од брокула
2 стапчиња аспарагус (доколку најдете, подобро е да биде свеж, но можете да употребите и некоеј друг зеленчук или аспарагус во тегла)
1 пакување кори за лазањи
1 павлака
1 пакетче пармезан
За бешамел сосот:
Коцка путер
Неколку лажици брашно
сол
1/2 лажичка морско оревче во прав
1 чаша млеко
Приготвување:
За сосот:
- Загрејте го путерот во тенџере на тивок оган додека не се стопи.
Додајте го брашното постојано мешајќи, а потоа и морско оревче. Откако ќе се затемни, додадете го млекото и не престанувајте да мешате. Ако е густ додадете уште млеко
- Загрејте ја рерната на 200 степени
- Сварете го зеленчукот набрзина во зовриена вода со малку сол.
- Во тепсија за печење, наредете еден ред лазања, па прелијте ја со дел од сосот, додадете дел од зеленчукот и дел од изренданиот кашкавал. Повторете го тоа додека не се потроши материјалот. Се завршува со пармезан и се пече околу 20 минути.