Вегефест – револуција која почнува во твојата чинија

Револуцијата за правата на животните започнува од  принципите и животните навики на секој поединец - тоа е основната порака на фестивалот Вегефест.

0
307

На 19 октомври (недела) во Младинскиот Културен Центар, со почеток од  11 часот, почнува шестиот по ред ВЕГЕФЕСТ – фестивал кој повикува на хуманост, сочувство, совесност и правичност кон секое живо битие, фестивал против експлоатацијата и дискриминацијата на животните, со кој се промовираат здрави, еколошки прифатливи и морално исправни принципи и начин на живеење.

Од ВЕГЕФЕСТ гарантираат одлични предавања, превкусна храна, богата забавна и едукативна програма, изложби, дружба и фантастични музички настапи !

Содржински Вегефест се состои од циклус предавања за користа од веганството од повеќе аспекти / богат спортски и забавен дел /штандови со веганска храна и продукти/музички настапи слеани со перформанс на акробатите од жонглерското студио Фаз Бабл.

Напоредно Вегефест нуди богато Детско катче со танци, магионичари и едукативни работилници за деца.

Револуцијата за правата на животните започнува од  принципите и животните навики на секој поединец – тоа е основната порака која целиме да ја пренесеме, во соработка со наши бројни пријатели, партнери, учесници на фестивалот кои на Вегефест се приклучуваат волонтерски, за што безрезервно им благодариме.

Настанот е поддржан од програмата Civica Mobilitas и Младинскиот Културен Центар.