Иако на почеток можеби ќе бидете малку скептични па оваа комбинација ќе ви изгледа малку необично, имајте предвид дека е испробано и идеално за вегетаријанци, а со мали измени во ова јадење можат да уживаат дури и веганите.
Постојат неколку варијанти на ова вариво, а секое од нив ги вклучува двете клучни состојки – путер од кикирики и батат. Во некои потоа се додава кељ, блитва, спанаќ, кокосово млеко или пак ориз.
За оваа конкретна варијанта потребни ви се:
2 батати
1 поголем морков
1 главица кромид
2 чешниња лук
3 лажици путер од кикирики
Парче корен од ѓумбир
Прстофат куркума
Прстофат црвен пипер
Вода
Чили
Магдонос
Кикирики
Сол, црн пипер
Приготвување:
Зеленчукот исечкајте го на коцкички. Кромидот пропржете го на масиново масло, па додадете го лукот. Гответе уште една минута, а потоа додадете ги ѓумбирот, куркумата и црвениот пипер, добро измешајте па додадете ги и коцките батат и морков. Додадете го путерот од кикирики, измешајте па додадете две шолји вода. Ставете чили по желба и варете додека зеленчукот не омекне, а потоа одвоите 2-3 лажици зеленчук и две лажици од течноста и ставете во бендер, па направете пире. Вратете го пирето во тенџерето за да се згусне.
Поросете со исечкан магдонос и сечкани кикирики. Послужете го топло.