Состојки:
1 многу зрело авокадо
1 чаша свежи листови од босилек
¼ чаша сечкани бадеми или пињоли
1 чешне лук
сок од половина лимон (1 лажица)
сол по желба
свеж ѓумбир (по вкус)
3-4 коцки мраз
Приготвување:
- Преполовете го авокадото и извадете ја пулпата.
- Излупете и исечете свеж ѓумбир.
- Додадете ги авокадото, листовите босилек, бадемите, лукот и коцките мраз (една по една) во блендер и мешајте се додека не се изедначи смесата.
- Додадете сечкан ѓумбир, сок од лимон и сол и мешајте уште неколку секунди. Ако сакате да биде потечно, додадете повеќе коцки мраз или 1 лажица екстра девствено маслиново масло.