Состојки:
2 главици кромид
2 лажици масло
2 чешниња лук
250 г лупени домати
2 црвени пиперки
1 зелена пиперка
3 чили пиперчиња
200 г пченка
250 г црвен грав
Китка кориандер
200 г чадено тофу
1/2 лажичка сол
Црн пипер
Приготвување:
- Исечкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги на масло во големо тенџере.
- Исечкајте ги пиперките и додадете ги кај кромидот, а потоа додадете ги и исечканите чили пиперчиња.
- Динстајте додека пиперките не омекнат. Иситнете ги лупените домати (или домати од конзерва) и додадете ги. Зачинете и кога ќе проврие додадете ги пченката и гравот (ако се од конзерва, ако не, тогаш ќе треба да ги сварите претходно)
- Кога се заедно ќе проврие додадете коцкички тофу и исечкан кориандер. Послужете го врело со свежо пченкарно или црно лепче.