Состојки:
800 г тиква
250 г варен наут
400 г вргањ (со оглед на тоа што е вргањот прилично скап, можете да користите буковка а вргањ ставете само 50 г колку за арома)
Едно чешне лук (нелупено, цело)
½ кромид
Сол, бибер
Вода
Мајчина душица, рузмарин
Малку луто пиперче
Маслиново масло
40 г печени семки од тиква
Пармезан
Приготвување:
- Исчистете ја тиквата, исечете ја на коцкички. Натопете го сувиот вргањ и исечкајте ги свежите буковки. Исечете го кромидот на ситно, пиперчето, рузмаринот и мајчината душица.
- Ставете се да се пропржи на маслиново масло, додадете го лукчето и динстајте неколку минути на тивок оган. По желба додадете вода, зачинете и динстајте додека тиквата не омекне. Додадете го сварениот наут па се заедно варете уште 10 минути. На крај додадете го вргањот, варете уште пет минути и исклучете ја ринглата.
- Декорирајте со семки од тиква и послужете со препечено лепче.