Искористете ја понудата на печурки на пазарот и направете сочно рижото во кое ќе уживате со сите сетила.
Состојки:
300 г ориз
220 г шампињони
100 мл бело вино
1 л вода
100 г пармезан
4 парчиња сланина
1 црвен кромид
Сол и црн пипер по желба
Масло за динстање
Приготвување:
- Исчистете го кромидот, исечкајте го на парчиња и пропржете го на малку масло.
- Додадете му ги на кромидот парчињата сланина.
3. Додадете ги печурките и се заедно помешајте. Динстајте неколку минути.
4. Додадете го оризот, а по една минута и виното. Кога ќе испари, почнете да ја додавате и водата, со често мешање.
5. Пред крајот додадете го пармезанот и се заедно измешајте. Додадете сол и црн пипер.