Состојки:
2 банани
200 г хељдино брашно
100 г бело брашно
100 г мелен рогач
2-3 лажици мед
100 г стопено кокосово масло
100 г кисела вода
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
1/2 лажичка сода бикарбона
сок од 1 портокал
1-2 рендани моркови
сечкани ореви
1 лажичка мелен цимет
1/2 лажичка мелен ѓумбир
Приготвување:
Се мешаат сите состојки и секако, по желба додадете некое суво овошје, евентуално суво грозје, брусници или урми. Наместо ореви можете да додадете лешници или бадеми.
Ставете ја смесата во подмачкан сад и печете околу 30-40 минути.
Послужете со топка сладолед или со печена тиква. Втората комбинација можеби звучи малку чудно, ама пробајте и ќе видите дека освен што е чудна, оваа комбинација е и вкусна.