Констипација, пролив и болести на системот за варење, се се почеста тема на денешницата. Стручњаците го поврзуваат здравјето на цревата со општото здравје па се повеќе се зборува за превенција на болестите и за начините на лекување на цревата, а во фокусот се природните препарати за зачувување на здравјето на системот за варење.
Дали знаете дека лице со просечна телесна тежина може да има во цревата од 4,5 до 11 кг исушени фекалии? Лицата со прекумерна тежина можат да имаат дури и повеќе!
Акумулираните фекалии во цревата можат да доведат до нерамнотежа во телото, предизвикувајќи дебелеење, разни кожни болести и рак.
Во мноштвото совети, издвоивме едноставен пример како да се исчистат цревата од опасните токсини и така да се зачува здравјето на целиот организам.
Природен напиток за исфрлање на токсините од цревата
Состојки:
1 шолјичка свежо цеден сок од јаболка
2 лажици сок од лимон
1 лажица сок од ѓумбир
1 лажичка морска сол
Пола шолјичка топла вода
Приготвување:
За приготвување на овој сок, освен состојките, потребен ви е соковник и тенџере во кое термички ќе го обработите.
Во тенџере на тивок оган загрејте вода, но внимавајте да не проврие.
Ставете ја во стаклена чаша, додадете морска сол и мешајте додека не се стопи. Додадете сок од јаболко, лимон и ѓумбир и добро измешајте.
Како да се консумира напитокот?
Секое утро на празен желудник напијте се чаша од овој напиток. Лимонот, јаболката и ѓумбирот содржат минерали, антиоксиданси и витамини кои го поттикнуваат имунолошкиот систем во борба против болестите и инфекциите, и ги исфрлаат токсините од телото.
За време на консумирањето на овој напиток, потребно е да се пие многу вода во текот на денот за да се засили неговото дејство.
Пред консумирање на овој напиток, сепак, побарајте совет од лекар.