Употребата на празните кутии од сладолед е опасно!

Хемикалиите како што се УВ стабилизаторите, омекнувачите или супстанциите кои се наоѓаат во пластиката, можат да се пренесат на јадењето, објаснуваат стручњаците.

0
1931

Големата пластична кутија која останува откако ќе го изедеме сладоледот на сите ни изгледа многу практично. Има и капак кој одлично ја затвора па веројатно многу од вас знаат да ја измијат и да ја зачуваат за некоја следна употреба. На пример, ако ви остане нешто од вкусниот ручек или пак сакате да си однесете од него следниот ден на работа.

Исто така, овие пластични кутии веројатно ви изгледаат пригодно за замрзнување на храна.

Рибизли, исечкан магдонос, полнети пиперки од ручекот…

Немојте повеќе! Пластичните кутии од сладолед фрлете ги во ѓубре веднаш откако ќе го изедете сладоледот – затоа што повторното користење може да стане многу опасно!.

Имено, празните кутии од сладолед можат да ги пренесат хемикалиите на намирниците кои ги ставаме внатре.

Тука спаѓаат и хемикалиите како што се УВ стабилизаторите, омекнувачите или супстанциите кои се наоѓаат во пластиката и од неа можат да се пренесат на јадењето, објаснуваат стручњаците.

Посебно кога кутиите ги миете со жешка вода, ставате во нив храна која има поинаков состав од сладоледот па истата може да ја „нагризе“ пластиката или ако храната во тие кутии ја загревате во микробранова печка.

Производителите гарантираат безгрижно користење и консумација на сладоледот кој е во кутијата – меѓутоа, кога ќе се испразни, кутијата мора да се фрли во ѓубре.

Подобро набавете пластични садови направени наменски од пластика која е безбедна за чување на храна и која можете да ја користите повеќе пати.