Турскиот мастер шеф Ердем Дирбали готвеше со македонски производи

Зад себе има 21 година готвачко искуство, а дел од него се и голем број ресторани со Мишелин ѕвездички. Тој е прв турски судија кој е дел од „Erfurt World Chef“ Олимпијадата, како и од „Global Chef Chalenge”.

0
898

Денес во рамките на кулинарскиот настан ICE 2017 ( INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE), во Камник, шефот Ердем Дирбали од Турција одржа мастер клас обука на која со македонски производи презентираше иновативно готвење на турски начин.
Ердем Дирбали доаѓа од Турција, а зад себе има 21 година готвачко искуство.

Готвачот моментално е food and beverage директор во луксузниот хотел Тујап Палас, а во текот на кариерата постојано бил дел од најпознатите хотели низ светот. Покрај хотелите, дел од неговото богато искуство се и голем број ресторани со Мишелин ѕвездички.

Осум години работел во Истанбул, четири во Анталија, а девет во Лондон. Поради неговото искуство и професионално знаење, одржувал семинари и предавања во над 20 готвачки училишта и универзитети.

Како директор на турскиот национален готвачки тим, има освоено многу медали и купови на интернационални натпревари и олимпијади ширум светот.
Тој е прв турски судија кој е дел од „Erfurt World Chef“ Олимпијадата, како и од „Global Chef Chalenge”.