Турлитава за мерак

Многу, многу зеленчук и месо, доколку не сте вегетаријанец, а доколку сте, заменете го месото со повеќе модри домати или со 500 г буковки

0
804

Ова е едно од омилените јадења на многумина, бидејќи има многу зеленчук, а има и мевце. Веројатно сите ја прават на свој начин, ама кога во неа има модри домати и бамји, е дури тогаш има навистина се што треба да има.

Состојки:

700 г месо (ние ставивме свинско месо)

1 модар патлиџан

1 тиквица

две црвени пиперки

две зелени пиперки

1 кромид

1 големо чешне лук

3-4 домати

10-15 бамји

2 моркови

4-5 компири

1 стапче праз

1 мала шолја ориз

сол, црн пипер, буковец (лут)

магдонос

масло

вода по потреба (од онаа во која се варело месото)

Приготвување:

  1. Ако сте вработени, а сакате тазе ручек, тогаш најдобро е месото да го сварите од вечер.
  2. Во тепсијата во која се прави турлитавата се става зејтин и се загрева на тивок оган на рингла, па внатре се ставаат исечкани кромидот и празот.
  3. Го лупите и останатиот зеленчук и го сечете на коцки или на тркалца, во зависност од зеленчукот (со исклучок на бамјите кои се ставаат цели), и се додаваат во тепсијата.
  4. Во меѓувреме вклучете ја и рерната на 200 степени.
  5. Кога целиот зеленчук е исечкан и ставен во тепсијата, додадете вода од онаа во која се вареше месото, ставете го оризот, наредете го месото и зачинете па ставете ја тепсијата во рерна.
  6. Печете околу 40-45 минути и кога е се готово ставете одозгора свеж исечкан магдонос.