Не мора да ви кажуваме дека соковите од свеж зеленчук се корисни, па доколку имате соковник, навистина би требало да го искористите. Можете да ги пиете чисти или разредени со вода.
Цвеклото помага за создавање црвени крвни клетки
Сокот од цвекло е богат со железо и помага за создавање на црвени крвни зрнца како и за намалување на високиот крвен притисок. Сето тоа го прави сокот од цвекло многу добар за болните од срце.
Исто така, тој сок ја зголемува издржливоста при вежбање и зголемени телесни напори и тоа заради нитратите, соединенија на кислород кој ја намалуваат потрошувачката на кислород при физичките напори. Во комбинација со јаболка и моркови е одличен лек за гихт и за системот за варење.
Со спанаќ против анемија
Сокот од спанаќ е одличен ако страдаш од анемија затоа што ги зголемува резервитре на железо во организмот. Содржи и многу калциум, потребен за изградба и здравје на коските.
Ги прочистува и ги заздравува цревата и целиот систем за варење. Корисен е против запек. Против низок притисок, измешајте 3 моркови и една рака спанаќ, а по потреба и разредете го.
Супер магдонос
Магдоносот содржи соединение myristicin, за кое е утврдено дека ги неутрализира канцерогените материи во телото и помага во борбата против ракот на дебелото црево и простатата. Содржи и фитонутриенти кои ја спречуваат макуларната дегенерација и ги штитат очите од УВ зрачење.
Измешајте 3 шолји спанаќ, 6 стебленца целер, 2 круши, пола шолја магдонос и сок од пола лимон за здрав и вкусен сок.
Пченичен напиток за имунитет
Во последно време се се попопуларни и свежите сокови од никулци од житарки, на пример, од пченична трева.
Пченичната трева стара 7 до 14 дена иситнете ја и измиксајте ја во соковник или во блендер па процедете ја. Добро е скеој ден да се пие децилитар сок. Богат е со витамини и минерали, а се препорачува и за здрави и за болни.