Црна лимонада за чистење на организмот

Наспроти непривлечниот изглед, оваа лимонада со активен јаглен ќе направи чуда за организмот затоа што го чисти од токсини и помага да се ослободите од маснотиите, особено од оние на стомакот

0
1495

Црната лимонада со активен јаглен е одличен напиток по главниот оброк во денот или како поттик за метаболизмот навечер. Го чисти телото од токсини, а помага и да се ослободите од маснотиите, особено оние кои се собираат околу стомакот.

Состојки:

4 шолји филтрирана вода

1/4 шолја свежо исцеден сок од лимон (или повеќе или помалку, по ваш вкус)

Стевија по желба (на 4 шолји вода можете да ставите околу 15 капки)

1/4 лажичка (или една капсула) активен јаглен

Приготвување: 

Помешајте ги сите состојки додека не го добиете саканиот вкус. Послужете со коцка мраз.

Медицинскиот јаглен (Carbo medicinalis) често се применува кај инфективен пролив. Не е препорачливо да се зема подолго време, но кога се применува во краток временски период е целосно безбеден.