Оние кои имаат проблеми со притисокот мораат првенствено да си ги сменат прехранбените навики. Докторите велат дека за успешно намалување на високиот крвен притисок е најважно да се намали внесувањето на сол и маснотии.
Високиот крвен притисок значи дека крвта ги притиска крвните садови посилно отколку што би требало. Поради тоа со време може да настанат оштетувања на ѕидовите од крвните садови, до блокирање на артериите и недостиг на кислород во телото.
Освен тоа што ако не се лекува може да доведе дури и до фатални исходи, високиот притисок речиси и нема симптоми поради што го нарекуваат „тивок убиец“.
Добра работа е што можете да направите многу нешта за да ја спречите појавата на висок притисок. Превентивните мерки се прилично едноставни, мали промени во начинот на исхрана и животниот стил се често сосема доволни. Би требало да го намалите внесувањето на солта и да јадете повеќе овошје и зеленчук. Освен тоа, научно е докажано дека сокот од домати без сол го доведува притисокот под контрола.
Сок од домати
Истражувањето во кое во текот на една година учествувале 184 мажи и 297 жени кои редовно пиеле сок од домати во текот на годината, покажало дека кај 94 испитаници за кои е утврдено дека страдале од хипертензија, а не го знаеле тоа, високиот притисок значително опаднал.
Во просек, горниот притисок од 141,2 паднал на 137 mmHg, а долниот од 83,3 на 80,9 mmHg.
Позитивен ефект е воочен независно од полот и староста на испитаниците.
Цимет
Неколку студии потврдиле дека систоличкиот и дијастоличкиот притисок кај возрасните лица го намалува овој на сите познат ароматичен зачин. Ако ставите пола лажичка во својата дневна исхрана, полесно ќее го контролирате високиот крвен притисок. За инстант ефект полека јадете пола лажичка цимет во прав, а потоа испијте чаша вода.
Лук
Намирницата која многу ја прогласуваат за најздрава на светот експресно го намалува високиот крвен притисок. Лукот ги опушта крвните жили и ги проширува, поради што крвта полесно циркулира и притисокот се намалува.
За брзо снижување на притисокот згмечете три чешниња лук и изедете со само или со малку леб. Важно е да знаете дека е најдобро лукот пред консумација да го згмечите за да поттикнете ензимска реакција во која настанува алицин, моќно соединение со кое оваа билка се брани од напад на бактерии и габи.
Фото: Pixabey