Три намирници за кои погрешно се мисли дека се добри за диета

Има некои митови за здравите намирници, кои е време да се раскринкаат

0
877

Во желба да го изгубиме вишокот килограми, применуваме различни диети и секојдневната исхрана ја базираме на здрава храна. Но има некои митови за здравите намирници, кои е време да се раскринкаат.

Црн леб. Се смета за здрава алтернатива за белиот леб. Но, понекогаш станува збор за обичен бел леб на кој му е додадена боја. За да се уверите дека навистина се храните здраво, купувајте интегрален леб само од проверено место или правете си го сами.

Леден чај. Здрав е само доколку го подготвувате сами. Купечките ледени чаеви содржат вештачки додатоци и засилувачи на вкусот, и имаат многу повеќе калории отколку што си мислите.

Ориз. Рижото со зеленчук изгледа како добар и здрав оброк, зарем не? Но ако навистина сакате да се храните здраво и да ослабнете, одберете интегрален ориз. Нутриционистите велат дека честопати оризот содржи арсен.