Три најчести заблуди за исхраната

Моментално владее прилично голема конфузија околу тоа што е здраво и за жал, во написите за здравата храна има многу неосновани тврдења.

0
891

Ќе обрнеме внимание на трите најчести и најшироко распространети заблуди. Од непотребно исфрлање на глутенот од исхраната (што не им е од никаква полза на оние кои не се интолерантни на глутен), до настојувањето мастите да се исфрлат од исхраната (што всушност не е добро), денеска наидуваме на многу теории за тоа што е здраво, а кои немаат ниту научна ниту искуствена основа.

Советите од таков вид, наместо да ја поправат вашата исхрана, попрво можат да ве спречат да се храните здраво. Да видиме во што најчесто се верува, а што генерално не е точно.

Она што му користи на еден човек, ќе му користи и на друг.

Ова е една од најчестите заблуди во исхраната. Вистина е дека не постои ниту еден тип или начин на исхрана, ниту пак намирници, кои подеднакво ќе им користат на сите.

Прво, секој поединец е единствен во погле дна начинот на кој неговиот организам реагира на храна. На пример, неодамна едно истражување утврдило дека кај некои белиот леб предизвикува поголем раст на нивото на шеќер во крвта, додека кај други интегралниот леб предизвикува поголем пораст на нивото на шеќер во крвта отколку белиот, што е спротивно на она во што веруваат повеќето заговорници на здравата исхрана.

И второ, во различни климатски зони потребите на организмот се поинакви. Грубо речено, не можете да очекувате од Ескимите да се хранат како Африканци.

Значи, не прифаќајте здраво за готово ниту една теорија за исхрана, додека сами не испробате на себе дали навистина ви се одразува добро. А најдобро е тоа да го направите во консултација со добар нутриционист, кој ќе може објективно да ја процени ситуацијата.

Ограничувањата во исхраната се тоа што носи најголеми здравствени користи.

Под „ограничувања“ се подразбира намалување или исфрлање на некои намирници или група намирници од исхраната, или намалување на бројот на калории кои се внесуваат.

Меѓутоа, ограничувањата можат да ви користат само во случај ако некоја намирница навистина ви прави здравствени проблеми.

На пример, ако немате никакви проблеми со глутенот, а го ограничите или исфрлите од исхраната, од тоа нема да имате корист, туку можеби дури и штета.

Сличното важи и за шеќерот, солта, мастите, кафето и други работи кои во популарни текстови во медиумите се советува да се исфрлат.

Па дури и рестрикцијата на вкупниот број на калории не мора задолжително да ви биде од полза – ако немате потреба да ослабнете. Не е редок случај луѓето очајнички да се трудат да ослабнат, додека тоа во суштина воопшто не им одговара на нивната телесна конституција.

Само големи промени во исхраната даваат резултати.

Тоа најчесто не е точно од две причини. Прво, драстични промени во исхраната е тешко да се спроведат, па таков обид може да предизвика доста незадоволство и отпор, кои можат да ви наштетат на психолошко ниво.

Второ, голема и нагло изведена измена во исхраната може да ви се врати како бумеранг и да предизвика сосема поинакви проблеми на кои не сте ни помислувале.

Затоа е најдобро промените во исхраната постепено и промислено. На пример, за почеток можете т.н. џанк храна (преработена и полна со адитиви) да ја замените со квалитетна домашна храна. Или, наместо сосема да исфрлите некој елемент од оброкот (на пример, леб или десерт), можете само малку да ја смените вкупната количина на храна која ќе влезе во оброкот, а да ја задржите разновидноста на состојките.