Кога жештините надвор се неподносливи, последното нешто што сакаме да го направиме е да пуштиме рерна и да испечеме мафини кога ни се јаде некој домашен десерт. Има решение и за тоа, летни десерти кои не се печат. Дозволете си го заслужениот одмор во жешките летни денови, преку овие здрави и вкусни десерти за кои не треба да го вклучите шпоретот.
Тропски шербет
Состојки:
(4 порции, време 12 минути)
2 1/2 шолји смрзнато манго на парчиња
1 шолја парчиња смрзнат ананас
3/4 шолја јогурт од лимон
1 лажичка рендана кора од лимон
Приготвување:
1. Извадете ги мангото и ананасот од фрижидер и оставете ги на собна температура около 10 минути. Во блендер ставете ги мангото, ананасот, јогуртот и блендирајте додека да добиете изедначена смеса. Послужете веднаш или оставете го во кутија и во замрзнувач околу час и половина за да добиете поцврста структура.
Портокали со марокански зачини
Едноставна за подготовка, оваа овошна салата е одличен и освежителен начин да се
заврши оброкот. Комбинацијата на портокал и цимет е одлична, а можете да го послужите и како додаток на сладолед или смрзнат јогурт.
Состојки:
2 1/2 шолји портокал, сечкан на мали парчиња
1/4 шолја бадеми
2 1/2 лажици урми, сечкани
1 лажица шеќер во прав
1 лажица свеж сок од лимон
1/4 лажичка мелен цимет (по желба)
рендана кора од портокал (по желба)
Приготвување:
1. Ставете ги состојките во сад со средна големина и промешајте ги заедно. Покријте го садот и ставете го во замрзнувач околу 20 минути, па гарнирајте со цимет и кора од портокал, по желба.
Едноставна пена од јагоди
Состојки:
(6 порции, време 2 часа и 25 минути)
1 шолја јагоди, ситно сечкани
1/2 шолја шеќер
5 лажици вода
3/4 од лажичка желатин
малку сол
2 белки од поголеми јајца
1/4 лажичка ванилин екстракт
1/2 шолја шлаг пена
Приготвување:
1. Измешајте ги сечканите јагоди со лажичката шеќер и ставете ги во блендер. Нека отстојат десетина минути, па изблендирајте ги за да добиете мазна смеса.
2. Ставете 2 лажици вода во голем сад, посипете ги со желатин и оставете ги да отстојат 2 минути.
3. Ставете 6 лажици шеќер, преостанатите 3 лажици вода и малку сол во малечко тавче на средна температура и почекајте да зоврие, со повремено промешување за да се стопи шеќерот. Потоа варете без промешување уште 4 минути.
4. Додајте ги јајцата во мешавината со желатин и измешајте ги со миксер со голема брзина, додека добиете пенаста структура. Постепено додавајте ја преостанатата лажичка шеќер и ванилата додека миксирате.
5. Ставете го кремот во голем сад и миксирајте на голема брзина додека не се појават цврсти врвчиња.
6. Внимателно ставете четвртина од мешавината со белки од јајца во шлаг пената. Додајте го остатокот од мешавината со белки а потоа и мешавината со јагодите. Со лажица наполнете 6 чаши за десерт до половина со мешавината. Ставете ги во фрижидер околу два часа и готови се за јадење.