Сендвич од сладок компир наместо леб! Како ви се допаѓа оваа идеја?
Слаткиот компир не содржи глутен, богат е со влакна и хранливи состојки.
Дали навистина може да се замени утринскиот тост со тостирано парче сладок компир? Одговорот е: Да, може!
Нема потреба да го лупите компирот. Само исечете го на парчиња. Бидејќи ова може да биде малку тешко, ставете го компирот од рамната страна на даска за сечење. Парчињата нека бидат што потенки.
Ставете ги во тостер и тостирајте ги додека површината од двете страни добие кафена боја или додека внатрешноста омекне, што можете да го проверите со виљушка.
Зависно од силината на вашиот тостер, ќе бидат потребни околу 15 минути за да се испече парчето од слаткиот компир. Може да се користи и рерна и во неа да се испечат повеќе парчиња одеднаш на 230 степени околу 15-20 минути.
Намачкајте го вашиот нов тост со путер од кикирики, џем, крем сирење, јајца, се што обично ставате на вашиот тост од леб. Дури и авокадо.