Торта од целувки со лешници

0
966

Состојки:
За целувките:
масло
150 г лешници, потпечени
385 г шеќер
7 белки
½ лажичка бел оцет

За кремот
200 г темно чоколадо
60 мл шери бренди
100 г кафен шеќер
800 мл течна павлака

За украс
50 г темно чоколадо
путер
20 г лешници, сечкани

Приготвување:
1. За целувките: Загрејте ја рерната на 180 степени, ставете во тавата хартија за печење.

2. Сомелете ги лешниците со 1 лажица шеќер, ама не претерувајте со мелењето за да не станат масни.

3. Изматете ги белките со миксер за да добиете цврст снег. Додадете го остатокот од шеќерот лажица по лажица и матете истовремено. На крајот откако ќе го сипете целиот шеќер, сипете го оцетот и додадете ги лешниците.

4. Со лажица ставете од смесата врз хартијата за печење и формирајте три круга како палачинки, а четвртиот круг нека биде подебел. Печете 40 минути додека краевите станат крцкави. Нека се изладат целосно.

5. За кремот: Ставете ги чоколадата, шерито и чеѓерот во голем сад и стопете ги на пареа. Додадете 150 мл павлака и оставете да се излади на собна температура.

6. Остатокот од павлаката изматете го во цврст шлаг, па измешајте го внимателно со чоколадото.

7. Ставете од кремот помеѓу секоја целувка. На врвот ставете ја најдебелата целувка.

8. За украс: Стопете ги чоколадото и путерот и откако ќе се изладат ставете ги одозгора заедно со лешниците.