Состојки:
1 кг тиква исечени на 8 парчиња
60 мл маслиново масло
1 лажица кафеав шеќер
125 г леб исечен на мали парчиња
4 листови пршут
1 лажица оцет балсамико
50 г зелена салата
150 г моцарела
Сол, бибер
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ја тиквата во тепсија за печење. Премачкајте ја со две лажици масло и поросете ја со шеќер. Зачинете со сол и со бибер. Печете околу 30 минути, односно, додека не омекне.
- Во меѓувреме намрсете друг сад за печење и во него ставете леб и зачинете го. Печете го 5 минути и внимавајте да не загори.
- Печената тиква префрлете ја во некој сад во кој ќе стои топла, а во тепсијата во која се печела додадете оцет балсамико и помешајте. Листови од салатата ставете на дното од садот за салата, врз неа ставете коцки печена тиква, леб, пршут и моцарела. Полејте со добиениот сос од оцет балсамико и послужете.