Тиквички во рерна  

Ако сте љубители на тиквички, сега ви е лесно - ем се ефтини, ем се вкусни, ем се здрави, а со нив можете да правите брзи и едноставни јадења.

0
1003

Состојки:

1 кг тиквички

200 г кашкавал

2 лажици презли

2 лажици маслиново масло

Копар

Лук

Сол, црн пипер

1 јајце.

Приготвување:

Исчистете ги тиквичките и изрендајте ги на крупно. Посолете ги и оставете ги да се исцедат.

Скршете едно јајце, додадете презли и зачини.

Додадете го и кашкавалот кој претходно ќе го изрендате. Измешајте!

Во соодветна тепсија ставете маслиново масло и истурете ја смесата, па повторно ставете маслиново масло.

Печете на 200 степени и пред послужување поросете со свеж копар и лук.