Ако сте љубител на тиквички без оглед на сезоната, не му се мислете – тиквички се уште има.
Ако ги сакате похувани, ама не и мрсни, ова е идеалниот начин да ги приготвите.
Изматете едно јајце и ставете во него сол, црн пипер и зачини по ваш вкус, натопете ги тркалцата од тиквички, а потоа извалкајте ги во сусам помешан со презли или само во едното или другото, наредете ги врз хартија за печење и ставете ги во рерна.
Толку!