Тепсија со порака

Што е среќа? Кога од вашата повозрасна пријателка ќе добиете тепсија со пита и на дното ќе ја видите оваа порака.

0
332

Дали се сеќавате на кујнските садови на вашите баби?

Ние дома до пред некоја година имавме неколку такви исчукани метални чинии и сметавме дека повеќе не се за употреба… евентуално, за под саксии.

Сѐ додека не видовме еднаш дека токму во такви се служи храната во еден солунски ресторан. Исти такви, со цветчиња, метални, исчукани и изгребани. Изгледаше многу фенси, ама предоцна, дома веќе немавме ниедна.

Затоа и бевме толку среќни кога деновиве ја видовме оваа тепсија со порака – спомен од Скопје.

Чувате ли сѐ уште барем еден ваков или сличен кујнски сад?