Сушете ги зеленчукот и овошјето како нашите претци

Во дамнешни времиња кога немало струја ниту фрижидери луѓето имале разни начини на кои ги подготвувале намирниците зада ги зачуваат за зима. Еден од начините за чување на зеленчукот, било сушењето. И не се сушеле само пиперки

0
217

Исто како имесото, нашите претци го сушеле и зеленчукот за да имаат во текот на зимата доволно храна.

Сушењето на зеленчукот не е тешко и може да биде многу забавна работа за целото семејство, а ако не сакате да го замрзнувате, следете ги следните чекори и исушете го зеленчукот на вистински начин, баш онака како што некогаш се правело.

За почеток, потребно е да набавите свеж, органски одгледан зеленчук, а се разбира, најдобро е ако имате своја градина. Наберете ги плодовите, внимателно измијте ги, а потоа убаво избришете ги, затоа што ако остане влага, на зеленчукот може да се развие мувла. Исто така, се препорачува одделен зеленчук, како што е на пример боранијата, накусо да се бланшира во вода и на тој начин да се убијат ситебактерии кои би можеле да произведат мувла.

Од алати ви се потребни голема игла и кулинарски конец на кој ќе ги нижете вашите плодови (овошје или зеленчук), па полека почнувајте да ги нижете.

Откако ќе го нанижете конецот, одберете топло и добро осветлено место кадешто ќе ги закачите низите. Поентата е данајдете место кое е сончево на кое зеленчукот брзо ќе се исуши, но не пребрзо за да биде однадвор суво, а одвнатре влажно.

Времето за сушење зависи одместото на кое се суши, па ако ги ставите низите на прозорците кои се на сончевата страна, ќе ви бидат потребни само околу две недели. Откако плодовите ќе се исушат, ставете ги во стерилизирани тегли со херметичко затварање.

Може да се суши речиси секој зеленчук, а најдбар вкус имаат печурките, јаболката, боранијата, а можете да пробате и брокули, моркови, кромид, грашок…

Сушенот зеленчук додавајте го во супи и во гулаши, а ако ги смелете во мелница за кафе, можетеда ги користите икако зачин, особено кога станувазбор за кромидот и пиперката.

Фото: Pexels