Состојки:
3 јајца
1/2 шолја шеќер
1/2 шолја кокосово или обично масло
2 шолји брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
2 кесички ванилин шеќер
1 шолја јогурт
4 кекси
800 г сливи
Приготвување:
1. Сливите исчистете ги и преполовете ги.
- Помешајте ги брашното и прашокот за пециво
- Измешајте ги јајцата со шеќер и додадете масло.
- Во смесата постепено додавајте ги брашното со прашокот за пециво и јогуртот и мешајте.
- Ставете ги кексите во чиста крпа и здробете ги со толчник и со шише.
- Калапите за колачи или ако немате малечки, еден голем калап, намрсете ги и поросете со здробените кекси. Додадете ги сливите и распоредете ја смесата.
- Печете околу половина час на 180 степени Целзиусови.
- Превртете ги калапите, извадете ги колачите и послужете.