Супер здрав корен како замена за брашно

Јапонските исцелители користеле кузу корен за лекување на главоболки и за смирување, како и за јакнење на имунитетот.

0
439

Корените се моќни сојузници на здравјето и енергијата, заради што нутриционистите советуваат да ги воведеме во секојдневната исхрана. Кузу коренот кој го нарекуваат и крал на истокот, јапонските исцелители го користеле пред 2 илјади години, а и натаму се користи за подготвување на напитоци, за згуснување на супите, десертите и сосовите, како и за бројни други рецепти заради неговото благотворно дејство врз организмот.

Кузу коренот го фалат и поради структурата која им ја дава на јадењата, а се користи и за пржење (поросете го по исечканиот зеленчук или по месото како џигерчињата или пилешкото па ставете ги во масло.

Кузу во порав е одлична замена и за брашното, а може да се купи и како исушен корен кој се користи за подготвување на чаеви. Во продавниците за здрава храна најчесто доаѓа иситнет во прав или во форма на грутка која наликува на креда.

На листата од благотворни влијанија врз организмот е и неговото дејство на нервите, а помага и против главоболка, настинка и грип, како и за тегоби со варењето. Истражувањата покажуваат дека може да помогне и при одвикнување од алкохол затоа што ја намалува потребата за пиење.