Состојки:
250 г путер
100 г шеќер
2 јајца
200 г кокосово брашно
350 г брашно
2 лажички прашак за пециво
Приготвување:
- Помешајте ги сите состојки и замесете цврсто и компактно тесто.
- Ставете го тестото во фрижидер на половина час, а кога ќе се олади обликувајте кифлици и наредете ги во тепсија за печење
- Печете на 200 степени околу 15 минути.