Супер брза пита од тиквички и сланина

0
469

Заборавете на правење тесто, оваа пита од тиквички е совршена токму таква каква што е – без кора и со прекрасна арома на сланина или панцета.

Состојки:

1 поголема тиквичка

2 лажици кисела павлака

1 шолја брашно

2 јајца

Кашкавал

Сланина или панцета

Магдонос

Путер

Сол, црн пипер

Приготвување:

  1. Изрендајте ја тиквичката или тенко исечкајте ја, посолете и оставете ја некое време за да пушти вода, па исцедете ја.
  2. Префрлете ја во сад и помешајте ја со павлаката, брашното, јајцата, сечакниот магдонос и претходно пропржената сланина.
  3. Поврзете ги сите состојки заедно во густа сеса па префрлете ги во калап премачкан со путер.
  4. Поросете со рендан кашкавал и печете на 200 степени додека не добие златна боја.