Супа од тиквици и копар

0
376

Состојки:

2 тиквици

2 моркови

Магдонос

1-2 лажици копар

1 мал кромид

1 чешне лук

Сол, црн пипер

½ лажичка мелен ѓумбир

Малку мускатно оревче

Приготвување:

  1. На маслиново масло пропржете го кромидот сосема малку, па додадете ги исечканите моркови. Кратко динстајте и додадете ги тиквиците, магдоносот и копарот. Ставете околу литар вода и варете додека зеленчукот не омекне.
  2. Изматете со миксер или во блендер и додадете ги останатите зачини.
  3. Послужете со крцкаво пржен кромид.