Состојки:
3-4 компири
1 мала мускатна тиква
1 јаболко
1 кромид
2-3 ливчиња жалфија
Сок од лимон
Пола лажичка ѓумбир во прав
Маслиново масло или малку путер
Сол и црн пипер
Приготвување:
На малку масло динстајте го кромидот додека не стане стаклест а потоа додадете го компирот исечен на коцки, тиквата и јаболкото. Додадете околу литар вода.
Варете додека зеленчукот и јаболкото не станат меки па откако ќе се изладат измешајте се во блендер. Зачинете, додадете ѓумбир во прав и малку сок од лимон и уживајте.