Супа од сладок компир

0
723

Состојки:

3 лажици маслиново масло

3 чешниња лук (згмечен)

1 мал праз (само белите и бледо зелени делови) исечкан

1 зелено јаболко, излупено и исечкано

1 стапче целер исечкано

1 лажичка ситно рендан свеж ѓумбир

2 слатки компири, излупени и исечени на коцки

6 чаши вода

сол и свежо мелен црн пипер

1/2 чаша солени семки од тиква

Приготвување:

  1. Загрејте масло во голема тава на средна топлина. Ставете ги празот и лукчето и пропржете ги околу 4 минути. Додадете ги јаболкото, целерот и ѓумбирот и гответе околу 3 минути. Додадете ги слатките компири и водата и помешајте. Варете околу 15 минути.
  2. Ставете ги состојките во блендер и направете пире, а потоа ставете ја смесата во голем сад. Зачинете со сол и црн пипер. Поросете со семки од тиква и послужете.