Спанаќ на пареа со лимон

0
1632

Спанаќот приготвен на пареа за само неколку минути, прелиен со маслиново масло е одличен извор на фолна киселина што штити од некои видови рак.

Состојки:
(за 4 порции)
270 г спанаќ
1 лажица екстра-девственото маслиново масло
1 лажица свеж сок од лимон, плус кришки лимон за декорација
1/8 лажичка крупна сол

Приготвување:
1. Во тенџере со средна големина наполнете 5 см вода и вметнете го додатокот за готвење на пареа. Водата нека зоврие па додајте го спанаќот. Намалете ја температурата. Покријте го тенџерето додека спанаќот овене, околу 3 до 4 минути.

2. Префрлете го спанаќот на чинија за служење. Прелијте со масло, сок од лимон и сол. Гарнирајте со кришки лимон. Послужете веднаш.

Извор: Марта Стјуард