Сочно месо, сезонски зедленчук и она што е најважно, меко пециво кое не се распаѓа, се клучните елементи за подготвување на добар бургер.
Еве еден совршен рецепт за совршени пецива.
Внимавајте да не прескокнете ниту еден чекор од приготвувањето на овие пецива, а особено прекривањето на пецивата по вадењето од рерна затоа што токму ова е она што ќе ги направи супер меки.
Состојки:
360 мл млеко
540 г брашно
2 јајца
60 г путер
2 лажички шеќер
1 лажица сув или 25 г свеж квасец
2 лажички сол
Сусам, мак, лен, семки од сончоглед, од тиква…
Приготвување:
Помешајте ги топлото млеко, шеќерот, квасецот и јајцето. Додадете стопен путер, добро измешајте и дозволете на врвот да се направи пена. Додадете брашно и сол и замесете меко и еластично тесто. Ако е премногу меко, додадете уште брашно.
Намрсете еден сад и ставете го внатре тестото и оставете го да се крева околу 1 час додека не се дуплира, а потоа премесете го. Поделете го тестото на 10-12 топчиња и оставете ги да одморат уште десетина минути.
Префрлете ги во тепсија за печење, оставете ги да се креваат околу пола час до 45 минути, а потоа премачкајте ги со јајце и поросете ги со семки по ваша желба.
Печете на 190 степени околу 15-20 минути. Пецивата мора да добијат златна боја. Кога ќе ги извадите од рерна, прекријте ги со крпа и опставете ги да одморат 15 минути па послужете.