Состојби кај кои ракијата може да послужи како лек

На Балканот ракијата се смета за национален пијалок, а приказните за нејзината лековитост се премесуваат од колено на колено.

0
1740

Со оглед на високиот процент на алкохол што го содржи, потребно е да се биде внимателен со консумацијата. Меѓутоа, помала и навремена количина ракија може за кратко време да помогне кај одредени здравствени тегоби.

Болка во желудникот

Ако сте изеле мрсен оброк кој ви предизвикал болка во желудникот, прст или два сливовица, лозова ракија или траварица, веднаш ќе го смират желудникот.

Забоболка

Голтка ракија држете десетина секунди на болниот заб, жабуркајте и плукнете. Повторете го ова уште 2-3 пати со кратка пауза, за да не го надразните премногу болното месо.

Воспалено грло

При воспалението на грлото предизвикано од бактериска инфекција, ракијата со две капки прополис успешно ќе го дезинфицираат грлото. Топол чај со две лажици ракија исто така може да помогне.

Болка во грбот

Истријте го болниот и вкочанет грб со малку ракија. Повторете ја постапката после два часа. За оваа намена особено се препорачува комова ракија (ракија која се прави од остатоци од грозјето после ферментација), но можат да послужат и други ракии.

Вкочанет врат

Баш како и кај вкочанетиот грб, болката во вратот може да се санира со ракија.

Ревматски болки

Кај заболените од артритис масажата со ракија е често средство за ублажувањ ена болката во зглобовите.

Отоци

Докажано е дека ракијата ја лади кожата, па поволно делува кај отоците. Можете со ракијата да го измасирате отеченото место, или да ставите облог. Имајте на ум дека после само неколку минути, може да ја надразни кожата па затоа облозите треба да се држат само кратко време на отеченото место.

Лоша циркулација

Нашите баби и дедовци често после будењето со чашка ракија ја забрзувале циркулацијата.

Уролошки проблеми

Ракијата со магдонос е добар сојузник во борбата против бактериските инфекции на уринарниот тракт.

Мачнина во текот на возењето

Секако, ракијата тука е од помош исклучиво за полнолетните сувозачи, затоа што возачатите, нели, не смеат воопшто да пијат додека возат. Многу возранси и натаму мачат мака со мачнините во текот на возењето, а ракијата може да им помогне да ја решат оваа тегоба.