Црвената зелка, како и зелената е одличен материјал за свежа салата. Ако ви е полесно да ја консумирате во течна состојба, направете сок кој со додаток на портокал, цвекло и целер ќе има прекрасна боја и слаткаст вкус, но и бројни здравствени придобивки.
Дознајте зошто би требало почесто да консумирате црвена зелка и кои се сите негови здравствени придобивки.
Овој вкусен и здрав напиток ќе ве заштити од рак, хипертензија и тегоби со варењето.
Ризница на витамини и минерали
Иако на нашето мени почесто се наоѓа зелената зелка, всушност, предност треба да ѝ дадеме на црвената. Таа има поголеми нутритивни вредности и задоволува дури 85 отсто од нашите дневни потреби за витамин Ц, за разлика од зелената која задоволува 47 отсто од дневните потреби за овој исклучително важен витамин.
Верувале или не, црвената зелка е побогата со витамин Ц и од самите портокали!
Црвената зелка спаѓа меѓу алкалните намирници кои одржуваат здрав pH во организмот и штитат од воспалителни процеси, рак и други тешки заболувања.
Оваа супер здрава намирница чија прекрасна виолетова боја укажува на богатството на антоцијанин содржи тиамин, фолати, калциум, манган, магнезиум, железо и калиум, витамини Ц, А, Е и К, диетални влакна и витамини од групата Б.
Превенира рак
Благодарение на изобилието од антиоксиданси и антоцијанини, црвената зелка го намалува ризикот од рак и има силни противвосплителни својства. Антиоксидансите го неутрализираат дејството на штетните слободни радикали, кои освен што го забрзуваат стареењето, го зголемуваат ризикот од рак и од срцеви заболувања.
Материите од црвената зелка познати под називот индоли го намалуваат туморот на дојки кај жените, покажале истражувањата.
Витаминот А исто така докажано го намалува ризикот од рак на бели дробови.
Го поттикнува варењето и го намалува притисокот и холестеролот
Црвената зелка е вистински чистач на цревата.
Диеталните влакна што ги содржи ѝ помагаат на работата на цревата и на елиминацијата на отпадни материи од организмот. Оваа намирница исто така го намалува холестеролот и крвниот притисок, па би требало што почесто да ја јадат сите кои страдаат од хипертензија и на кои им се заканува ризик од затнување на крвните жили.
Го забавува стареењето и штити од Алцхајмерова болест
Црвената зелка се покажала како вистински сојузник на здравјето на мозокот. Со неговата консумација ќе им помогнете на своите мозочни функции и ќе го намалите ризикот од Алцхајмер. Антоцијанините од црвената зелка го намалуваат создавањето на плак во мозокот, кој се доведува во врска со деменцијата и Алцхајмеровата болест.
Го чува здравјето на очите и коските
Витаминот А со кој изобилува црвената зелка силно ги штити вашиот вид и здравјето на очите и го намалува ризикот од макуларна дегенерација.
Овој витамин исто така придонесува за здравјето на забите, коските и врзувачкото ткиво. Витаминот К од црвената зелка придонесува и за густината на коските.
Исто така, црвената зелка ги ублажува артритисот и болките во коските и во зглобовите.
Фото: rawpixel.com from Pexels