Сорбе од лубеница

0
839

Кога надвор е неподносливо жешко, сѐ што ни треба е некој смрзнат десерт да нѐ разлади малку. Ако ви се јаде нешто освежително и благо, но сепак сакате да го сочувате внесот на калории на минимум, овој едноставен рецепт од само една состојка ќе ви се допадне. Овој рецепт е идеален за летните денови, бидејќи ќе ве освежи и ќе ве поштеди од вишокот калории кои би ги примиле доколку посегнете по пакување сладолед.

Сѐ што ви треба е една лубеница, излупена, исечкана на парчиња и исчистена од семки. Еве што треба да направите за да приготвите преубаво сорбе од смрзната лубеница:

Наредете ги коцките лубеница во плех врз хартија за печење и тоа во еден ред. Потоа, ставете го плехот во фрижидер и оставете го најмалку 2 часа, за лубеницата сосемa да смрзне.

Тргнете го плехот од замрзнувачот, потоа ставајте ги парчињата лубеница во блендер и блендирајте додека добиете мазна смеса, која ќе ја префрлите во сад за сервирање.

Откако ќе го наполните садот, измазнете го горниот дел со дрвена лажица или шпатула.

Ставете го полниот сад во замрзнувач час-два да се замрзне, а откако ќе го извадите, оставете да отстои 5 минути пред да послужите.

Овој рецепт може да се служи и како сладолед, доколку извадите топчиња со лажица за црпење сладолед.