Слатка мистерија во хотел „Континентал“

0
407

Во организација на Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА, денеска (10.02.) во 17 часот во хотел Континентал почнува 11-тата по ред Тортијада Слатка мистерија 2017.

Под покровителство на општина Гази Баба на денешната тортијада „Слатка мистерија 2017″ ќе учествуваат слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и заинтересирани граѓани во категоријата аматери. Првпат на тортијадата ќе учествуваат и ученици од општината кои ќе се натпреваруваат во декорација на торти.

Настанот ќе се одржи во хотел „Континентал” и ќе има ревијален дел, а потоа официјален дел во кој ќе бидат претставени натпреварувачите и ќе има лицитација на тортите и прогласување на победниците.

Во ревијалниот дел ќе учествуваат 50 аматери и професионалци од девет скопски општини, а спонзорите на своите штандови ќе нудат бесплатна дегустација на своите производи.

Тортијадата ќе биде проследена со културно-забавна програма и настап на естрадни уметници и актери. Собраните пари од продадените торти ќе бидат донирани на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.