Овој сладок леб од батат е одлична идеја кога ви се јаде нешто слатко, ароматично и едноставно. Добро е и што вака подготвен може да издржи и цела недела на собна температура, но тешко дека ќе издржите 16да не го изедете цел уште истиот ден.
Состојки:
2 средни или 1 голем батат
3 лажици вода
2 јајца
5 лажици масло
4 лажици павлака
1 лажичка екстракт од ванила
220 г брашно
100 г кафеав шеќер
1 прашок за пециво
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир
1 лажичка мускатно оревче
Прстофат каранфилчиња
Прстофат сол
Приготвување:
1. Исчистете го бататот и исечкајте го на коцки.
2. Ставете го во огноотпорен сад, додадете му 3 лажици вода па ставете го во микробранова печка или доколку немате, ставете го во тенџере на шпорет но во тој случај додадете и малку повеќе вода и варете го додека не омекне. Потоа здробете го со вилушка и направете пире.
3. Кога пирето ќе се олади, додадете му ги јајцата, маслото, павлаката, ванилата и помешајте.
4. Кога сите состојки ќе се поврзат, додадете ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот и зачините.
5. Добро измешајте и ставете го во подмачкан калап па печете во загреана рерна на 180 степени од 45-60 минути, воза висност од големината на калапот.
6. Оставете го да се подизлади пред да го исечете.